ТРАГЕДИЈА: Старец изгоре до смрт во својот дом, бил неподвижен и не можел да избега од пожарот

Седумдесет и осум годишниот В.В. вчера загинал во пожар кој избувнал во куќата во која живеел во село Конче.

Пожарот бил забележан од жителите на селото, кои успеале да го изгаснат, но не успеале да го спасат старецот кој бил неподвижен.

Тој, според првичните сознанија на полицијата, најверојатно починал од задушување од чадот.

-Вчера во 16:44 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Конче, Радовишко, настанал пожар во куќата на П.В.(52), при што починал неговиот татко В.В.(78), информираше портпаролката на овој сектор, Александра Трајанова.

Увид на местото на пожарот извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, инспектор по пожари и екипа на ОВР Радовиш, а телото на загинатиот било предадено на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons