ТРАГЕДИЈА НА 1 МАЈ: Патнички воз удри во автомобил во Прилеп, почина маж од Крушево

Патничкиот воз кој сообраќа на релацијата Битола – Скопје удрил во автомобил во кој бил 76-годишен маж од Крушево, кој починал на самото место.

Несреќата се случила во близина на железничката станица „Прилеп“, а била пријавена во полиција утрово околу 4 часот.

„На 01.05.2023 околу 04 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на улицата ’Трајко Николоски‘ со улицата ’Леце Котески‘ во Прилеп, во близина на железничката станица ’Прилеп‘ удрил во патничко моторно возило ’поло‘ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место“,соопштија од МВР.

Смртта на крушевчанецот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и полицијата од Прилеп.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons