Тошковски: Само 20 % од камерите работат, а за 24 часа фативме 2000 возачи кои возеле пребрзо
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 откри дека камерите работат и дека за овој тест период биле фатени многу возачи кои возеле со брзина над дозволена.
„Мислам дека е многу поважно да спасиме човечки живот. Најмал проблем дали на фотографијата ќе открие друго лице. Камерите работат, не дека не работат. Поставување на камерите е добар проект. Дај Боже да го имплементираме 3-4-5 години поназад, па ние денеска да не говориме на таа тема, ниту од криминалистички аспект ниту од сообраќаен аспект. Ако било имплементирано порано, денеска ќе зборувавме за намален криминалитет или сообраќајки“, рече Тошковски и додаде:
„Од прилика некаде околу 25-30% кои треба да се постават на територија на Град Скопје се поставени, и тест анализата која беше направена во насока на констатација на сообраќајни прекршоци, и тоа само над 30 км на час поголема брзина, вкупната бројка на прекршоци беше над 2000 возачи кои возеле над дозволената брзина за 24 часа. И тоа со 20% капацитет од камерите. Замислете која ќе е вкупната бројка на дневна особа доколку бидат поставени сите камери на територија на Град Скопје, Куманово, Тетово, и ако се лови со само над 10 километри на час. Таа бројка би била над 20.000 за 24 часа“, рече Тошковски.