Томовски e најдобар голман за последните две кола од квалификациите за ЕП 2026
Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација успеа да обезбеди пласман на Европското првенство во 2026 година.
Нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров запишаа две убедливи победи над Естонија во Талин и Литванија во Скопје и го освоија второто место во својата квалификациска група.
Значаен придонес на патот кон остварувањето на целта имаше и голманот Мартин Томовски.
Во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), нашиот чувар на мрежата се најде во идеалниот тим за последните две квалификациски кола за следното ЕП.
Томовски на дуелот против Литванците во СЦ „Јане Сандански“ имаше 11 одбрани или 55 отсто ефикасност, а против Естонија запиша 13 одбрани (68,42%).