Тешка сообраќајка пред Делчево – затворен патот кон Кочани (Фото)

Поради сообраќајна несреќа во која едно возило излетало од патот кај месноста Баткова Чешма, Делчевско, во прекин е сообраќајот на  патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани. 

На местото на сообраќајката интервенирала Итната медицинска помош, при што едно лице е повредено и во моментот со возило и присуство на доктор е упатено кон Клиничката болница во Штип.

Во моментот полицијата врши увид на терен, а возилата се пренасочуваат преку алтернативни патни правци. 

Причините за несреќата не се познати, повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons