Актуелно

Судот во Стразбур и досуди отштета на Божиновска за повреда на постапката за 27ми април 

Македонија и ги прекршила правата на Елена Доцевска – Божиновска при одредувањето на притвор за случајот 27 април.. Судот за човекови права во Стразбур утврдил дека домашниот правосуден систем ненавремено постапувал по жалбите со кои таа барала укинување на притворот. Според пресудата, државата ќе треба да и плати отшета од 1.600 евра.

„Да ви кажам искрено не верував дека некогаш во животот парче хартија толку многу ќе ми значи. Пресудата всушност е печат на тоа што повеќе од пет години го кажуваме што секогаш ќе се раскажува како најголема неправда  во македонското судство, нешто што не смее и не треба никогаш да биде повторено“, изјави Елена Доцевска Божиновска.

Доцевска Божиновска како вработена во собранието беше обвинета меѓу 33та кои одговараа за терористичко загрозување, а подоцна амнестирана.. Правдата ја побарала во Стразбур откако куќниот притвор и бил заменет со ефективен, но таквата одлука на судот ја добила со задоцнување, па и била скратено правото да се жали.

„Незаконска процедура, без да бидат известени странките, односно јас или адвокатот. Не ни беа доставувани решенијата во притвор ниту на адвокатот, па сите рокови за жалби на тој начин ги испуштавме, на крај кога се одлучи повторно да одам во куќен притвор, незаконски бев држена уште 4-5 дена повеќе од тоа што беше напишано“, вели Доцевска Божиновска..

Таквото постапување на домашниот правосуден систем, според Стразбур е прекршување на правата на притворено лице.. Во својата одлука наведува дека е утврдена повреда поради ненавремено доставување на жалбата на јавниот обвинител против наредбата за домашен притвор и недостаток на брза проверка на притворот на апликантот.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на Стразбур е победа на правдата и пораз за власта.

„Елена после многу години виде правда иако беше угнетувана, иако и беа прекршени и нејзините човекови права, никој од власта тоа не сакаше тоа да го спомене и бегаа и се криеја и само гледаа како да направат уставни измени. Но, еве дојде денот, знаете правдата е спора, но еден ден ќе дојде. Елена Доцевска Божиновска и беше одземено човековото право да поднесе жалба, да се брани пред судот, но и многу пострашно беше тоа што ја апсеа пред своите дечиња“, изјави Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Правда во Стразбур бараат и веќе осудени во предметите на СЈО.. Наместо одлука, судот ги упати најпрвин да ги искористат сите домашни судски инстанци па дури потоа да испитува дали имала важност аболициајта на претседателот Иванов.

Прв предмет кој ќе го мине и највисокиот судски филтер е Транспортер во кој обвинет е поранешниот битолски градоначалник Талевски.. Од Врховниот суд за Сител велат дека предметот е во работа, обезбедено е мислење од обвинителствоот и наскоро се очекува одлука.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons