Судијката од „Ласкарци“ оди во Апелација, судењето може да почне од почеток
Судијката што го води случајот со автобуската несреќа, кај Ласкарци, Александра Ристевска ја доби поддршката од Судскиот совет да замине во Апелација, дознава Алсат.
Ристевска го води случајот Ласкарци, што во моментов е блиску до завршни зборови, односно штотуку заврши сослушувањето на вештаците, што траеше една година.
Со заминувањето на Ристевска во Апелација, судењето може да почне од почеток. Со одлука на советот на истиот може да му се даде рок за пресудување и донесување на одлуката во одредено време.