СТРАНСКИ ВООРУЖЕНИ СИЛИ ВЛЕГУВААТ ВО ЗЕМЈАВА – еве која е нивната цел и каква одлука донесе Владата
Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на нашата држава заради изведување на „обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплов (Хеликоптер UH-60) на вооружените сили на Соединетите Американски Држави од мисијата „КФОР“ – Косово и донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон „Криволак“.
Донесена е и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „CMX 23 (Crisis Management Exercise)“ во Кралството Белгија.