Стојаноска: СДС и Битиќи да се извинат, чии деца и кој родител нарекоа кретени?
СДС и Битиќи да сe извинат, чии деца и кој родител нарекоа кретени?
24 часа откако Битиќи нарече родител и деца кретени од собраниска говорница, СДС молчи и не се извинува.
Огромен е очајот во СДС кога мора да молчат на изливите на примитивизам на нивни пратеници и не смеат да ги осудат и да се оградат.
Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее да се огради од таквиот став?
Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее ниту да помисили, а не пак да побара од Битиќи да се извини?
Или пак СДС и Венко Филипче со тоа што молчат и не се оградуваат ниту извинуваат го делат ставот на Битиќи дека родител и неговите деца се кретени?
Чесно е Филипче и СДС да се изјаснат. Граѓаните мора да знаат што застапува опозицијата, какви ставови и какви вредности.
Линк од видео материјал:
https://youtu.be/1bXniFCuQcs
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ