Столтенберг: Не треба да очекуваме брз крај на војната во Украина
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека не треба да очекуваме брз крај на војната во Украина „Повеќето војни траат подолго од што се очекувало кога започнале“, изјави Столтенберг во интервјуто што денеска го објави германската медиумска групација „Функе“.
бјавено на
17.9.2023 – 13:11
Сподели
Како што изјави тој, „мора да се подготвиме за долга војна во Украина“.
„Сите сакаме брз мир. Но, во исто време мораме да признаеме: ако претседателот (Володимир) Зеленски и Украинците престанат да се борат, нивната земја повеќе нема да постои“, рече генералниот секретар на НАТО.
„Ако претседателот (Владимир) Путин и Русија го положат оружјето, ќе имаме мир“, додаде тој.
Во врска со напорите на Украина за влез во НАТО, Столтенберг рече дека „нема сомнеж дека порано или подоцна Украина ќе биде во НАТО“.
Како што рече, Киев се приближи до НАТО за време на самитот на алијансата во јули.
„Кога оваа војна ќе заврши, ќе ни требаат безбедносни гаранции за Украина. Во спротивно, историјата може да се повтори“, заклучи тој.