Стефановски славеше на првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки
Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.
– Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1 – напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.
Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.
Во генералниот пласман Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.