Стармер повикува на деескалација на конфликтот на Блискиот Исток
Британскиот премиер Кир Стармер ги повтори своите повици за деескалација на конфликтот на Блискиот Исток и инсистираше дека дипломатското решение е единствениот „пат напред“.
Loading...
„Сите ние, вклучително и Велика Британија, сме многу загрижени за нуклеарната програма што ја развива Иран. Потребна е деескалација за да се избегне ширење на конфликтот во Газа, а исто така и за да се избегнат последиците врз економијата“, рече Стармер.
Тој додаде дека го признава и правото на Израел на самоодбрана, пренесува „Скај њуз“.