РАМА НОВ СЕКРЕТАР НА НАТО? Германска аналитичарка тврди дека премиерот на Албанија ќе го наследи Столтенберг 

Еди Рама ќе го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО. САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата. Кандидати биле премиерка Катја Калад и премиерот Еди Рама. Кој ќе биде идниот генерален секретар? – пишува Стариков.

Германската аналитичарка Сузана Стариков во објава на Твитер наведува дека албанскиот премиер Еди Рама ќе биде новиот генерален секретар на НАТО.

Според неа, САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата.

Според неа кандидати биле Рама и премиерката на Естонија Катја Калас.

– Еди Рама ќе го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО. САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата. Кандидати биле премиерка Катја Калад и премиерот Еди Рама. Кој ќе биде идниот генерален секретар? – пишува Стариков.

Информацијата која ја изнесува Стариков не е потврдена. Сè уште нема реакција ниту од Алијансата ниту од албанскиот премиер Рама.

Инаку Албанија токму на 1 април 2009 година стана членка на НАТО, додека во ова време на војна во Европа застана на страната на Украина, силно осудувајќи ја руската агресија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons