Срушен култниот хотел „Југославија“, ќе се градат облакодери (Фото)
Првите багери започнаа со рушењето на зградата на хотелот „Југославија“ во ноември 2024 година, и покрај бројните протести од страна на граѓаните кои се спротивставуваа на рушењето и нарушувањето на амбиенталната целина на раскрсницата помеѓу Нов Белград и Земун.
Еден од препознатливите симболи на Белград, хотелот „Југославија“, денес е срушен до темели, а на негово место ќе се гради луксузен деловно-стамбен комплекс со два облакодери.
Хотелот „Југославија“ беше продаден на 22. март минатата година на аукција по почетна цена од околу 27 милиони евра, а купувач беше MV Investment како единствен учесник на аукцијата, компанија во сопственост на Милениум тимот.