Македонија

Србија дозволи извоз на млеко само за Македонија и Албанија

Владата на Србија на денешната седница донесе одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко, освен за Македонија и Албанија, а со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одлив на суровини надвор од границите на државата. Определена е и максималната цена за еден литар млеко.

Како што соопштија од српската Влада, донесена е и изменета на Регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи, која ќе важи до 30 септември 2022 година. Со измената на Регулативата цената на УХТ млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува на 128,99 динари (1,1 евро). Исто така, покрај ограничувањето на цената на УХТ млекото, ограничени се и трговските маржи со цел да се спречат шпекулативни активности на пазарот.

Владата на Србија продолжува со целосна будност да ја следи состојбата и ќе обезбеди доволни количини млеко за потребите на граѓаните, се наведува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons