Срамота е наши музичари да бараат 10.000 евра за еден час настап, кога народот живее со 300 евра месечно, вели организаторот на Пивофест

д 14-ти до 17-ти јули, и веќе се објавија листите со музичките гости кои ќе ја забавуваат публиката во Прилеп.
Годинава акцентот е ставен на домашните музичари, но ќе има и неколку регионални гости.
Од Општина Прилеп одвоиле два милиони денари за настанот, а поддржан е и од спонзори.- Advertisements –

-Не би сакал да ја коментирам објавата на музичарот Владимир Василевски – Четкар, кој вчера напишал дека поради финансиски проблеми на фестивалот неговиот настап е откажан. Деталите за тоа што се случило и зошто не бил постигнат договор со него ги имаат лицата од организација задолжени за финансискиот дел.
Но, имавме случаи кога наши музичари бараат навистина големи суми, се нема разбирање за актуелната ситуација, и на крај не се нашол заеднички јазик. Од друга страна пак, имавме и многу наши пејачи кои се согласија да настапат за навистина симболични суми, бидејќи чест им е да бидат дел од манифестацијата, да го расположат народот.

Па, дури и легендарниот Мајкл Џексон во тек на својот живот има одржано бесплатни концерти! Не е ова бунар без дно, треба да се биде реален во барањата, без оглед на популарноста.

Оние кои чекале средства од приватни компании, од спонзори, знаат како одат овие работи. Некој ветил поголема сума, па се предомислил, некој се откажал, некој доцни со исплата. Ќе кажам само дека воопшто нема логика кога наши музичари, кои се свесни за состојбата и стандардот во земјава, сакаат да одат по примерот на нивните колеги од регионот, па имаат нереални барања кога се хонорарите во прашање- појаснува Стоикоски.

Додава дека не е коректно кон својот народ, кој за еден месец макотрпна работа заработува околу 20.000 денари, некој за еден час пеење да заработи неколку стотици илјади денари. Поради тоа, вели дека музичарите треба да имаат максимално разбирање и да покажат свест за состојбата и секојдневието на нашиот народ.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons