Македонија

Сојузот на синдикати донесе одлука! – Масовно излегуваат сите на улица

Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија денеска донесоа одлука за генерален штрајк што треба да се одржи на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

Ваквата одлука е донесена на денешните седници на Претседателството и Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), откако вчера не беше постигнат договор со Владата линеарно да се зголемат останатите плати во јавниот сектор, по зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари.

Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за покачување на платите, иако тоа им било ветено за време на преговорите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons