ОФИЦИЈАЛНО: ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за референдум за поништување на Договорот со Бугарија

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва по состанокот на ИК, информираше дека партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во наредната недела партијата ќе собере 100 квалификувани потписи за референдум, што ќе се достави до Собранието.

-После тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓани. Прашањето ќе биде „Дали сте за напуштање на важноста на законот за ратификација за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018 година?“ ВМРО-ДПМНЕ ќе повика за гласање за поништување на овој Договор. Ова ќе биде одговор на народот, рече Мицкоски во обраќање пред седиштето на партијата.

Тој очекува сериозност и одговорност од власта.

-Формулирано е сериозно референдумско прашање. Очекуваме власта да ги прифати нашите аргументи „за“ за напуштање на важноста за законот за ратификација на Договорот за добрососедство. Гласаме „за“ или „против“ овој штетен договор, додаде Мицкоски.

Тој верува дека има луѓе во Владата кои размислуваат проевропски и нема да ги спречуваат граѓаните да гласаат на референдумот.

-Верувам дека има граѓан Албанци кои сочувствуваат со нашите проблеми и ќе ги поддржат нивните соседи Македонци кои се против асимилацијата, кажа Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons