Снимка на Зеленски со КОКАИН го запали интернетот: Но, ова е вистината- станува збор за ЛАЖНА МОНТИРАНА СНИМКА!
На социјалните мрежи кружи кратко видео на кое украинскиот претседател Володимир Зеленски разговара со неколку луѓе преку видео повик, додека на неговата маса има кокаин и кредитна картичка.
Иако некои мислеа дека се работи за автентична снимка, се потврди дека се работи за монтажа.
Зеленски води разговор неколку луѓе во видеото, вклучувајќи го и основачот и извршен директор на Tesla и сопственик на SpaceX, Илон Маск.
На монтираната снимка се гледа бел прав и кредитна картичка на бирото на украинскиот претседател.
Засега не се знае кој е „одговорен“ за монтираното видео (најверојатно проруски активисти), но оригиналот јасно покажува дека нема недозволени супстанци.