Следната пандемија би можела да биде најсмртоносната болест позната на човештвото

Следната голема пандемија, наречена „таа големата“, можеби веќе демне во позадина, чекајќи да ги ослободи најзаразните и најсмртоносните болести познати на човештвото.

-Нова пандемија неизбежно ќе се појави во иднина и меѓународната заедница треба да се подготви да одговори на таа закана, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на крајот на октомври.

-Следната пандемија не е прашање дали, туку кога ќе се случи. И не можеме да си дозволиме да ги повторуваме грешките од минатото. Затоа земјите-членки на СЗО преговараат за нов договор за пандемија и измени на Меѓународните здравствени регулативи за зајакнување на правната рамка за глобален одговор на пандемии, додаде тој.

Фамилијата на парамиксовируси (paramyxoviridae) има над 75 вируси – вклучувајќи заушки, мали сипаници и инфекции на респираторниот тракт. Во октомври беше додаден на листата на патогени пандемии на кои треба да внимава Националниот институт за алергија и заразни болести, пишува „Дејли мејл“ и пренесува Блиц.

Еден од овие вируси, нипах, може да ги инфицира клетките со рецептори кои го регулираат она што влегува и излегува од клетките што го обложуваат централниот нервен систем и виталните органи. Оваа варијанта има стапка на смртност до 75 проценти во споредба со Ковид, што е далеку под еден процент.

Научниците укажуваат дека, за разлика од грипот и Ковид-19, кои „брзо се менуваат“, изгледа дека парамиксовирусите не мутираат додека се шират, туку дека станале „многу добри во пренесувањето меѓу луѓето“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons