СЛАТКА ГОЗБА: Бебињата лавчиња прв пат јадат месо во ЗОО Скопје
Пред повеќе од еден месец, во скопската зоолошка градина се родија бебиња лавчиња. Тие сега малку пораснаа и ќе бидат вистинска радост за посетителите.
Денес го изедоа својот прв оброк – месо.
Директорот на скопската зоолошка, Кристијан Стаменов, објави видео од овие моменти на уживање за малите лавчиња.
Погледнете како се “гостат“ тие.