Скопје на 11-то место во светот според загаденоста на воздухот 

Скопје со почетокот на магливите периоди од денот повторно е меѓу најзагадените градови во светот, а утрово е и најзагадениот град во Европа. Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот, Air quality, утрово главниот град на Македонија го рангира на 11-тото место според лошиот воздух.

На табелата пред Скопје на неславната листа се големи градови во Азија, повеќето милионски со голема индустрија, а ниту еден нема од Европа. До 32-то место, каде е Сараево, ниеден европски град не му прави друштво на Скопје.

Причините за ваквото екстремно загадување секако се заради тоа што од властите не се спроведуваат доволно еколошки мерки и затоа што животната средина не им е меѓу примарните грижи.

д

Индустријата, каква таква, не се контролира доволно, а и кога ќе се утврди загадување или депонирање токсичен отпад, процедурите за откривање на виновникот и негово казнување траат долго и по правило санкциите, ако се изречат, не се доволно остри за да ги демотивираат оние кои заради профит не водат сметка за животната средина.

И сиромаштијата е секако фактор за која властите немаат одговор, па така во студените периоди, како што веќе се започнати во Скопје во вечерните и утринските часови, голем број граѓани се греат не само на дрва, туку и на разни видови отпадоци кои уште повеќе и тоа многу токсичного загадуваат воздухот. 

И така проблемите остануваат, а процесот на преговори за интеграција во ЕУ, кога и да почнат, секако нема да донесат големи промени на тој план, зашто очигледно е дека за здрава животна средина е потребна и политичка волја и ефикасен систем. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons