Се урна трибина на кошаркарски меч во Египет, има повредени (ФОТО)
На кошаркарскиот натпревар од египетскиот Суперкуп меѓу Ал Ахли и Ал Итихад, се случи непријатен инцидент откако дел од трибината се сруши.
Мечот се играл во салата „Хасан Мустафа“ во Александрија. Мечот бил прекинат при водство на 66-45 за Ал Итихад. Кошаркарите одбиле да го доиграат мечот.
Се интервенирало со 21 амбулатно возило, имало вкупно 27 повредени лица. Нема информација дали има луѓе кои се во животна опасност.