Се враќа евтината струја два часа преку ден – еве од кога 

Добра вест за граѓаните. Граѓаните досега користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден, но сега има најави дека и денски ќе има евтина струја во период од неколку часа. 

-До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден, вели Марко Бислимоски претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Од РКЕ велат дека за прв пат по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цена на електричната енергија.

Евтината тарифа на струјата преку ден беше укината во јануари лани поради енергетската криза 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons