СЕ ВРАЌАЛЕ ОД ОДМОР: Во тешка сообраќајна несреќа доцна синоќа ЗАГИНАА ЖЕНА И ДЕТЕ кај Мостар

Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа на патот М-17 во Буна, на околу 15 километри јужно од Мостар, во која, како што е познато, загинаа две лица, а неколкумина се повредени.

Според неофицијални и непотврдени информации, загинале жена и дете. Повредени се уште неколку лица.

Претходно на местото на настанот пристигнаа неколку возила на брза помош, пожарникари и полиција кои се уште се таму. Подоцна на местото на трагедијата пристигнале и две мртовечки возила.

Семејството чии членови загинаа наводно се враќало од одмор на море, велат очевидци на местото на несреќата.

Во судирот учествувале четири возила.

Како што неофицијално дознава порталот „Аваз“, во несреќата загинале повеќе од две лица. Неофицијално, меѓу загинатите има и едно дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons