Се бараат работници – плата до 95.000 денари!
ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи. Резервни делови, Персонални и Товарни лифтови.
Има потреба да вработи:
МЕНАЏЕР ЗА СЕРВИС НА ТЕРЕН
Опис на работно место:
Раководење со комплетното сервисирање на машините кај клиентите / на терен;
Примање на барања за сервис и нивно сортирање по приоритет/клинет/тежина и слично;
Анализа на проблематични ситуации и обезбедување на решенија;
Контрола на работата / задачите / процесите на сите сервисери;
Градење и воспоставување на висококвалитетен тим на сервисери;
Поддршка, надлежност и мотивирање на вработените;
Комплетно класифицирање на сервисерите и нивните знаења (НИВО 1, НИВО 2, НИВО 3);
Изготвување на прегледни и графички средени извештаи и нивно презентирање кај надредените / подредени;
Континуирано учење на технички карактеристики на производите;
Ја следи работата на конкуренцијата, известува и предлага активности.
Поставеност во организација:
Директно одговара на Технички Директор;
Раководи со сервисери.
Познавања:
Одлично познавање на Англиски јазик;
Одлично познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook);
Аналитички програми и презентирање;
ERP и CRM системи.
Потребно:
Работно искуство на иста или слична позиција од минимум 1 година;
Одлични комуникациски и организациски вештини;
Одговорност, лојалност и ориентираност кон цели;
Претставителна и уредна личност;
Способност за тимска работа;
Способност за работа под притисок;
Возачка дозвола – Б категорија.
Компанијата нуди:
Бруто Плата од 77.000 до 95.000 во зависност од покажаниот резултати;
(Платата е пониска за времетраење на обуката);
Бонус плата за остварен таргет;
Платата можно е да биде и повисока од во зависност од иновативноста, заинтересираноста и покажаниот резултат;
Обуки и тренинзи во областа која работи;
Модерни, Високо квалитетни услови за работа;
Платени патни трошкови;
Годишни рекреативни семинари организирани од комапнијата.
НАПОМЕНА:
Апликациите кои не одговараат со Познавањата, Потребите (способности/вештини) кои компанијата ги бара, нема да бидат разгледувани!
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации
СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ!
Повеќе инфо имате тука