Се бараат работници – Основната нето плата до 60.000 денари

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е производител на цемент и на други градежни материјали. Како членка на Групацијата ТИТАН, работи според најдобрите светски практики водејќи грижа за потребите на општеството и одржливиот развој преку одговорност и интегритет.

УСЈЕ е основана во 1955 година и денес е една од најголемите домашни компании со значаен придонес во развојот на земјата. Вработува повеќе од 250 вработени, a преку соработката со локални добавувачи и изведувачи овозможува создавање нови работни места. Компанијата управува со 3 рудници – рудник за лапорец Усје, рудник за варовник Говрлево и рудник за песок. Покрај производството на цемент, УСЈЕ поседува и погон за готов производ и агрегати, во кој произведува различни видови бетон. Со своите производи го снабдува домашниот пазар, како и пазарите во регионот (Косово, Албанија и Бугарија).

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Инженер за безбедност и здравје при работа

Инженерот за безбедност и здравје при работа ќе биде задолжен за следење и имплементација на интерните системи и процедури, како и законските барања од областа на безбедност и здравје при работа. 

Администрирање и евидентирање на прашања поврзани со БЗР. Надзор при извршување на активности во фабриката од аспект на безбедност при работа. Учество во безбедносни контроли, обуки на вработените, технички инспекции на опремата, утврдување на ризици на работните места.

Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место е од 46.000 до 60.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и бонус за успешно работење.

a

Потребни квалификации:

Дипломиран инженер ВСС VII/1 степен /240 кредити (технолошки, електротехнички или машински факултет)
Работно искуство до 5 години во областа на безбедност и здравје при работа во индустријa ќе се смета за предност
Одлично познавање на MS Office апликациите
Одлично познавање на англиски јазик

Конкурентски предности:

Комуникативност и флексибилност
Посветеност во работата
Добри организациски вештини
Ефективност и ефикасност во работењето
Желба за учење и работа во средина со високи барања

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

a

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата
на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk .

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Теренски помошник оператори во Погон за производство

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons