МакедонијаНајново

Селекцијата на ѓубрето во Македонија учествува само со 18,3% 

Податоците на Државниот завод за статистика за 2022 година покажуваат дека 81,7 отсто од целокупното ѓубре во земјава било собрано од јавните комунални претпријатија како измешан комунален отпад. Лани на општинските депонии завршиле 494.693 тони отпад.

Селекцијата на отпад останува голем проблем за македонското општество. Само 18,3 отсто од комуналниот отпад во Македонија лани минал низ примарна или секундардна селекција, а со тоа е овозможен соодветен третман преку рециклирање на ова ѓубре. Наспроти ова, над 80 отсто од целокупниот комунален отпад собран во 2022 година завршил на општинските депонии.

Само 18,3 проценти од собраниот комунален отпад во 2022 година бил селектиран, со што е оставена можност за негово натамошно рециклирање. Сето останато ѓубре завршило на депониите.

т

Податоците на Државниот завод за статистика за 2022 година покажуваат дека 81,7 отсто од целокупното ѓубре во земјава било собрано од јавните комунални претпријатија како измешан комунален отпад. Лани на општинските депонии завршиле 494.693 тони отпад.

Наспроти ова, статистичките податоци предупредуваат дека селекцијата на отпадот останува неомилена пракса, како за граѓаните, така и за јавните комунални претпријатија. Притоа, лани 40.259 тони биле селектирани како органски отпад (храна, лисја и останато ѓубре), 13.063 тони биле селектирана пластика, 12.178 тони од отпадот бил селектирана хартија. Во 2022 година сме селектирале 8.373 тони текстил, 3.754 тони стакло, 2.302 тони метал и 1.487 тони гума.

Во споредба со 2021 година, количеството на измешан комунален отпад што завршил на депониите е минимално намален во 2022 година. Па така, во 2021 година 82,7 отсто од ѓубрето што било собрано од комуналните претпријатија било одложено на општинските депонии. Сепак, драстични промени во делот на зголемување на селектираните количества на отпад во 2022 година, споредено со една година претходно, не можат да се забележат во статистичките податоци.

МЖССП: Годинава ќе се работи на нов правилник за плаќање ѓубрарина

Постојните сметки за ѓубрарина кои ги плаќаат граѓаните и компаниите во земјава не ја стимулираат селекцијата на отпадот, туку единствено придонесуваат за финансиско одржување на јавните комунални претпријатија, кои го одлагаат собраното ѓубре на општинските депонии.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова веќе најави дека ќе има нова методологија за граѓаните и компаниите, со што цената на услугата за отстранување на отпад ќе се плаќа врз основа на произведеното количество ѓубре од нивна страна, а не како што досега се плаќаше, врз основа на површината на живеалиштето. На овој начин, македонските граѓани во иднина би се мотивирале повеќе да селектираат отпад токму преку месечните сметки за ѓубрарина, кои би се намалиле правопропорционално со зголеменото количество на селектиран отпад.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк објаснуваат дека во рамките на проектот за изградба на регионалните депонии, кој се финансира со заемот од Европската банка за обнова и развој, предвидени се средства за изработка на соодветна методологија и подготовка на новиот Правилник.

„Се очекува во рок од една година да биде изработен овој правилник“, објаснуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Инаку, од ова министерство појаснуваат дека согласно Законот за управување со отпад, за вршење на услугата за управување со комунален отпад давателот на услуга има право на наплата на цена за обезбедената услуга за управување со комунален отпад, која опфаќа собирање и транспортирање, но и селектирање и третман на комуналниот отпад.

Висината на тарифата на услугата за управување со комунален отпад зависи од трошоците на давателот на услуга за да ја обезбеди услугата, а која се пресметува согласно со Правилник за утврдување на тарифата на услугата за управување со комунален отпад. Во пресметувањето на тарифата за отпад се вклучуваат трошоците направени за услугата и на услугите за поддршка кои се засновани пред сé на оперативни трошоци и трошоци за одржување и трошоци за капитални инвестиции.

„Тарифата за отпад се определува врз основа на количеството и видот на отпадот и истата може да се утврдува според единица мерка и тоа денар по метар кубен, денар по квадратен метар за станбена, односно дворна површина или денар по килограм во согласност со Правилникот за тарифа за отпад“, објаснуваат од Министерството за животна средина.

Тарифата за отпад се определува за секој регион одделно, а Правилникот за тарифата за отпад го донесува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Условите за селекција на отпадот присутни само во градските средини

Мета.мк многупати досега пишуваше за воспоставените проекти за селекција на отпад во земјава, но се добива впечаток дека граѓаните во урбанизираните делови во поголемите градски средини во Македонија имаат најголеми шанси за да се вклучат во ваквиот проекти.

Еден од најголемите проекти е оној на „Пакомак“ за поставувањето на нови вендинг машини во маркетите во Скопје, Тетово, Штип и Берово. Вкупно 55 нови машини за селекција на отпад ќе бидат поставени годинава од нивна страна, а досегашниот интерес на граѓаните од македонскиот главен град за нивно користење е огромен.

Граѓаните на скопската општина Центар имаат можност да селектираат отпад и преку јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, кое од ноември 2020 година ги воведе повратните вендинг машини за селекција на лименки и пластични шишиња. Исто така, социјалното претпријатие „РЕДИ Рециклажа“ уште кон крајот на 2021 година го започна нивниот проект за примарна селекција на отпадот од станбени згради во Скопје.

На ниво на општини, со години назад Прилеп е лидер меѓу локалните самоуправи во земјава, каде е највисок процентот на селектиран отпад од вкупното количество на создадено ѓубре од граѓаните и компаниите.

                                                                                                                                                             Мета

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons