Македонија

Светски ден на контрацепција: На позитивната листа на лекови во земјава и натаму нема ниту еден контрацептив

Владата во 2017 година вети дека ќе стави од лековите кои штитат од несакана бременост на позитивната листа на лекови, но се уште нема, велат од невладината ХЕРА. Во аптеките цените на овие лекови се движат од 165 денари до 828 денари во зависност од концетрацијата на хормони.

14 годишна девојка е најмладата девојка која имала абортус со медикаментозна терапија. Според д-р Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство, бројни истражувања спроведени на глобално ниво потврдуваат дека пристапот до модерна контрацепција ги намалува мајчината смртност за 25 %, а смртноста на новороденчиња за 20%.

Во парламентот ретко, но пратениците во направентото истражување имале заеднички став дека кондимите треба да бидат бесплатни во здравствените установи, а пилулите за контрацепција да се на позитивна листа на лекови.

Гинеколозите велат дека половите инфекции се во пораст и треба едукација за сексуланото образовние и заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons