Македонија

„САД ја ценат Македонија како сојузник, ЕУ го поддржува патот кон Унијата“ – честитки за Денот на независноста 

„Во текот на три децении изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието и културата“, порача Амбасадата на САД во честитката по повод Денот на независноста.

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нагласи посветеноста на Вашингтон за продлабочување на соработката со Северна Македонија. „Како сојузник на НАТО, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана ја потврдува вашата посветеност на заедничките безбедносни цели. Правдата, стабилноста и просперитетот ќе продолжат да бидат во срцето на нашите односи“, наведе Рубио.

Поддршка дојде и од Брисел. „Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат“, напиша европската комесарка за проширување Марта Кос на Икс.

Честитка испрати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој истакна дека ЕУ останува посветена на европскиот пат на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons