Свет

Рускиот генерал кој го разруши Мариупол го нарекуваат „мариуполскиот касапин“ 

Михаил Мизинцев е рускиот генерал кого го нарекуваат „мариуполскиот касапин“, поради злосторствата извршени во украинскиот град Мариупол. 

Украинските власти посочуваат дека тој е одговорен и за нападот на родилиштето.  Во друг напад руските сили уништија театар за кој локалните власти рекоа дека бил засолниште за повеќе од 1.000 цивили, главно млади и стари. 

Кремљ засега не соопштува кој ги наредил овие напади. Мариупол е под контрола на Русите. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. 

Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons