РК Алкалоид ги дозна термините за двомечот против норвешкиот Рунар
Ракометниот клуб Алкалоид сезонава игра одлично на меѓународната сцена, се наоѓа меѓу четирите најдобри во Европскиот куп на ЕХФ.
Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров обезбедија пласман во полуфиналето откако беше подобар од романскиот претставник Баја Маре.
Алкалоид претходно во ова клупско натпреварување ги елиминираше и Драгунас Клаипеда (Литванија), Хандбал Вествиен (Австрија) и Бриксен Хандбал (Италија).
Противник на македонската екипа во полуфиналната фаза ќе биде Рунар од Норвешка, и познати се официјалните термини за одигрување на овој двомеч.
Алкалоид ќе биде домаќин на првиот натпревар во салата Автокоманда – Скопје на 20 април со почеток од 19.00 часот, а реваншот е во Сандефјорд седум дена подоцна (17.00 часот).