РКЕ: Раст од 150% во обновливи извори на енергија 

Од јануари до ноември годинава во споредба со лани постигнат е раст од речиси 150 % на инсталираниот капацитет во обновливи извори, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Согласно последните податоци од почетокот на годинава до крај на ноември издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од  379,3 MW што е за 150 % повеќе од 2022 година кога се издадени 152,2 MW. 

„За безмалку две години имаме нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од  531,5 МW што произведуваат електрична енергија од обновливи извори што пак влијае врз намалување на една третина од увозот на електрична енергија“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од две години може да снабдува близу 169 илјади домаќинства.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons