Референдум во општина во Македонија за казината и обложувалниците

И покрај тоа што Владата даде зелено светло за измена и дополнување на Законот за игри на среќа со кој се предвидува дислокација на казината и обложувалниците на 500 метри од училишните објекти, првиот човек на општина Тетово бара нив целосно да ги нема во градот. Биљал Касами најавува и референдум кој би се спровел преку локалниот Совет.

„За нас тоа не е доволно дали ќе бидат 200 или 300 метри, додека тие се внатре во градот, еве како ова наспроти мене, во срцето на градот и најфреквентните делови се окупирани од казина и други коцкарници. На следната седница на Советот, согласно она што го започнавме како иницијатива, ќе ни биде доставена информација од администрацијата на општината за понатамошните процедури за тоа како да се забранат казината и другите такви дејности во општина Тетово. Во оваа насока верувам дека Советот ќе најде начин во урбаниот дел, односно населените места во општина Тетово, да нема такви објекти“, рече Билал Касами Градоначалник на општина Тетово.

За разлика од Касами, Движењето против коцкање ја поздрави иницијативата за дислокација на игрите на среќа, но инсистира растојанието да биде поголемо.

„Барањето на Движењето против коцкање е од народот и не е променето. Дислокација на три километри од населените места, а по убиството на двајцата млади во Визбегово, бараме целосно затворање како во Албанија и  Косово сè до носење на закон кој ќе ги штити граѓанете од тешката економска состојба. Прашуваме каде останаа градинките, јавните институции, како ќе се заштитат градските плоштади. Дали можеби ќе се дозволат коцкарници во близина на верски објекти и други образовни институции? Затоа бараме во законот да се вклучат и овие институции“, изјави Јуши Емерлаху Движење против коцкање.

И покрај тоа што пред неколку дена на седница на Владата беше дадена дозвола за законски измени, предлагачот, поточно Министерството за финансии, не даде многу детали за содржината. Велат дека предложениот закон ќе биде јавно достапен откако ќе биде доставен до Собранието.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons