Македонија

Рекла-казала е муабетот дека Вања се качила во автомобил, вели мајката Зорица и додава: „Сите траги се прегледуваат“ 

Неточна е информацијата која беше објавена во јавноста дека исчезнатата Вања Ѓорчевска се качила во автомобил близу „Броз кафе“. Ова за „Скопје1“ го посочува нејзината мајка, Зорица Ѓорчевска. Според неа, коментарот дека Вања влегла во бел автомобил, паркиран пред кафуле во Дебар маало – не е вистина. Истовремено, два дена се трага по 14-годишното девојче кое тргна во училиште, но таму не стигна. Како јавноста, така и семејството е во исчекување. На случајот се работи темелно, смета и мајката, која сведочи дека полициски службеници деноноќно го пребаруваат теренот.

„Немаме нова информација. И јас сум во истото исчекување. Полицијата е на терен, цело време се работи, вчера пуштија и објава на републичко ниво. Во контакт сме со полицијата, сите можни траги се прегледуваат, меѓутоа, се уште немаме ништо. Немаме никаква официјална информација“, вели Ѓорчевска за „Скопје1“.

За шпекулацијата во јавност, дека девојчето се качило во некаков автомобил, а за што, објавувачот тврдеше во коментари на социјалните мрежи, мајката за „Скопје1“ вели: „Не, не, не. Тоа беше прегледано. Тоа е муабет рекла-казала, начул, сакал да помогне, да пише.. Значи таа информација е шпекулација, односно пред се рекла-казала“.

Мајката на исчезнатата Вања, посочува дека полицијата неуморно работи за пронаоѓање на нејзината ќерка. Смета дека на истрагата нема да влијае ниту Самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.

„Полицијата е цело време на терен. Во интерес на истрагата не можат да информираат. Кога треба наша помош, тие бараат. Гледаме, разговараме, прабаруваме.. Луѓето навистина се цело време на терен. Ништо нема да ја попречи истрагата, работат луѓето“, додава Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.

Пред два дена, во 7:20 минути наутро, на Вања и се губи секој траг. Тргна накај училиште, по 20 минути, класниот раководител јавува кај мајката дека Вања не е таму, по што, мајката не може да ја добие ниту на телефонот кој е исклучен. Ја алармира полицијата, а потоа, во 12 часот, и јавно бара помош.

По 24 часа, МВР ја објави Вања во делот на исчезнати лица, на нивната веб-страница.

„Ѓорчевска Вања, татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон“, пишуваат од МВР.

Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение.

skopje1

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons