Свет

РЕДИЦИ РУСИ ЧЕКААТ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРУЗИЈА Опозицијата бара воведување визи и затворање на границите

Редици се насобраа на Верхни Ларс од Северна Осетија кон Грузија и на други гранични премини, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела воведе делумна мобилизација.

На границата меѓу Русија и Грузија се создаваат долги редици сообраќај низ планинскиот премин, објави „Си-ен-ен” додавајќи дека луѓе чекаат и до 48 часа за да влезат во Грузија.

Редици се насобраа на Верхни Ларс од Северна Осетија кон Грузија и на други гранични премини, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела воведе делумна мобилизација.

На видеа може да се види како семејства и само машки лица чекаат да го поминат граничниот премин. Луѓе се доближуваат до преминот и пеш, влечејќи куфери.

– Среде ненадејниот прилив ја притискавме владата да воведе визи или да ги затвори границите – изјави за „Си-ен-ен” опозициската политичарка во Грузија Нона Мамулашвили.

Засега, според „Си-ен-ен”, границата сè уште е отворена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons