Растот на БДП забавува, ќе продолжи ли потрошувачката на домаќинствата со исто темпо?
Домашната економија забавува. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека по солидниот втор квартал, во третиот квартал економскиот раст достигнал два проценти.
Бројките покажуваат дека растот на бруто – домашниот производ се должат на раст на секторите уметнос, забава и рекреација, но и други услужни дејнсоти, трговија на големо и мало, транспорт и складирање… Изнанадувачи солиден раст бележи и потрошувачката на домаќинствата.
За потсетување во првиот квартал од оваа година, растот на БДП беше благо над два проценти, или 2,2 отсто, додека во вториот квартал достигна 4 проценти.
Видно негативен раст има секторот кој порано важеше за двигател на македонската економија, градежништвото, каде во третиот квартал е забележан минус од 9,1 отсто. Пад има и во преработувачката индустрија кој изнесува 2,9 отсто, како и во рударството, каде тој достигнвуа 1,7 проценти.
Ваквите бројки дури и за економистите се мало изненадување.
– Знаци на забавување на економската активност се забележуваат во податоците за третиот квартал, секако првенствено преку вкупната стапка од 2 проценти која е во линија со очекувањата, меѓутоа со вградени информации за влијанието на воената и енергетската криза. Структурно, во овој квартал, најголемо влијание од забавената економска активност забележувам кај индустријата, посебно преработувачката индустрија, иако одредени индустриски гранки, на пример во рударството, имаа намалено производство поради стопирана активност поради високата цена на струјата и енергентите воопшто, а не поради осетно слабеење на надворешната побарувачка – објаснува универизтетскиот професор Марјан Петрески.
Тој за „Фактор“ посочува дека гледано од расходната страна, растот на увозот и извозот е се` уште робустен, поради што претпоставува дека во следните квартали одредено влошување ќе видиме и таму.