Расте бројот на ковид случаи – нема простор за загриженост 

Во изминативе 2 недели регистрирани биле околу 300 случаи на заразени со Ковид 19 на ниво на држава, што е значително зголемување во споредба со летните месеци кога регистрираа по 20-ти случаи месечно. Се уште не е направено генетско секвенционирање, но се претпоставува дека тоа се подваријантите на Oмикрон, односно Ерис или Пирола. Во прилепскиот регион в септрември се забележани 10 случаи на ковид. Се очекува зголемена циркулација на вирусот во периодот кој следува, но експертите велат дека нема место за паника.

„Не треба паника, бидејќи овие варијанти кои се потомци на Омикронот и тие предизвикуваат поблага клиничка слика, претежно се присутни горно респираторни симптоми, печење во грлото, во носот, слабост, температура од околу 37 или 38 степени. Се уште немаме хостализирани кај нас, ниту за компликации“, вели д-р Татјана Станимировиќ, раководител на епидемиологија во Центар за јавно здравје Прилеп.

Со сите други епидемиолошки заболувања во прилепско сликата била стабилна.  Бројот на овчи сипаници, кои често се регистрираат во пролетните месеци е доста намален, во текот на летото доминирале цревните заразни заболувања, дијареа и салмонелози, но во границите на очекувањата за тој период. Сега се очекува да се започне со сезонската вакцинација за грипот.

„И оваа година ќе има бесплатни вакцини за најранливите категории на населението. Минатата година одзивот беше доста добар и висок и оваа година очекуваме дека овие најризични категории на население ќе бидат вакцинирани со бесплатните вакцини кои ќе ги обезбеди Министерството за здравство“, додаде Станимировиќ.

Вакцинацијата против грипот се очекува да започне кон крајот на октомври или пак на почетокот на ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons