Ракометарите со последни подготовки пред настапот на ЕП 2024
Новогодишните празници завршија а со тоа заврши и одморот на македонската репрезентација во ракомет. Предвидено е да се одиграат уште два контролни натпревар со репрезентацијата на Грција каде ќе се види до каде се со формата на репрезентативците.
Македонија првиот натпревар го игра на 10 јануари на фудбалскиот стадион во Диселдорф.
Групата во која се падна нашата репрезентација не е воопшто лесна. Ќе ги одмериме силите со Франција, Германија и Швајцарија, а само две репрезентации ќе продолжат понатаму во следната фаза.