Македонија

Раководителката на КАРИЛ: Излезе дека ние сме го тепале ракометарот Тот 

Раководителката на КАРИЛ, Маја Мојсова подетално го објаснува случајот со ракометарот Денис Тот, кој беше нападнат пред дискотеката и каде лекарите потоа се бореа за неговиот живот.

Мојсова е револтирана затоа јавноста вината за овој случај ја сврте кон лекарите, кои направиле се за да го спасат животот на Денис Тот.

Таа на Телевизија 24 уште еднаш повтори дека таа никогаш не кажала дека Тот не бил тепан, туку кога бил примен немал траги на насилство и објаснува дека ако мозокот остане без кислород тој изумира и ако нема циркулација, не може да има видливи повреди.

Тот бил донесен без срцева акција, со ниска сатурација, без притисок. Веднаш бил интубиран се анимирал со масажа на срце и адреналин.

Во одреден момент се појавила срцева акција и Тот бил испратен на компјутерска томографија на цело тело за да утврдат лекарите што причината зошто престанал да дише.

Тот имал жесток оток на мозокот којшто може да настане и поради недостаток на кислород, но не било видливо никакво нагмечување, никакви модринки, скршеници, повреди на ребра.

Таа истакна дека телото на ракометарот било испратено на Судска медицина на нивно барање, а не на барање на обвинителството, за да се утврди зошто настала смртта.

Мојсова побара извинување од обвинителот Бубевски за неговата изјава дека лекарите направиле лоша проценка и го покани да дојде на КАРИЛ за да види како се работи, бидејќи тој не лекар.

Извор: Фокус

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons