Пуштени во употреба патарините на автопатот Миладиновци – Штип – цена во еден правец од Скопје до Штип 320 денари 

Започна наплатата на патарините на автопатот Штип-Миладиновци. На наплатната рампа кај Кадрифаково се наплаќа по 50 денари и за оние граѓани кои патуваат за Велес, иако по автопат се возат само 8 и пол километри. Кога ќе се додадат и наплатните рампи кај Преод, 70 денари и Петровец 40 денари, возач од Штип до Скопје и назад, треба да одвои 320 денари за патарини.

  • Лице од истокот кое работи во Скопје и кое секој ден патува со сопствено возило до работното место, годишно, само за патарини треба да издвои околу 90 000 денари или 3 просечни плати.

За споредба, во Словенија на пример, граѓаните кои имаат 5 пати повисок стандард од македонскиот, за годишна вињета плаќаат само 110 евра.

  • Во Шведска не плаќаш ништо, во Германија не плаќаш ништо.
  • Јас сум од Белгија. Кај нас нема наплатни станици како во Франција или Македонија на пример и плаќаме само патна такса.

Граѓаните кои денес патуваа велат дека, актуелните цени на горивата и дополнителните енормно високи патарини, не се компатибилни за нашите месечни приходи.

  • Не се издржува никако, значи не бива.
  • Тешко да се издржи, треба да ги намалат.

Револтирани се и поради фактот што треба да плаќаат полна цена за половична услуга. Имено, се уште не се расчистени одроните на автопатот, а се создаваат и нови, па возачите се приморани да се движат по една коловозна лента и по неколку километри.

  • Прво треба да се средат нештата, па после да се наплаќа патарина.

За изградба на двете патарини се потршија околу 5 милиони евра, а има и 50-тина нови вработувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons