Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи оваа сабота и недела
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 18.11.2023 (сабота) и 19.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот.
Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување“, стои во соопштението испратено од МВР.