ПУКАЊЕ во центарот на Скопје – Има ли повредени?
Пријавено е пукање со пиштол во центарот на главниот град, но за среќа нема повредени лица. Како што јавува полицијата причината била нерасчистена сметка.
Вчера вечер во 21.50 часот во СВР Скопје, 33-годишник од Скопје пријавил дека пред зграда на подрачје на Центар, поради претходни недоразбирања, лице пукало со пиштол кон него, но не го погодил, извести МВР.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.