Професорка од реномирано средно училиште смета дека е нормално да биде силувана девојка ако оди поразголена – Новинарката Радовановиќ со поента
Новинарката Ирена Радовановиќ на својот фејсбук профил сподели искуство со едно средно училиште во земјава и упати моќна порака.
Нејзиниот став и поента ви ги пренесуваме во целост:
Случка во наше реномирано средно училиште.
Девојче облечено со маичка, пократка, и се гледал малку стомакот.
Коментарот на професорката бил:
“Шетате вакви, па нормално дека ќе ве силуваат”.
Не знам со кој памет професорката смета дека е нормално да биде силувана девојка ако оди поразголена.
Некоја и гола да шета, нема оправдување за силувачот.
Жената може да биде облечена како сака и никој не смее да ја чепне.
Секоја генерација си има мода.
Мајка ми кога била млада се носело мини.
Денешниве девојчиња носат топ, односно кратко припиено маиче.
Ние кисневме во фармерки.
Пред мојата генерација се појави њу вејв.
Да не набројувам трендови.
Муабетот ми е дека за силување нема оправдување.
Дали некоја одлучила сама да се шета ноќе, дали носела кратко…па и најсекси да е облечена не значи дека силувањето треба да се оправда.
Силување е страшна работа.Силувач е нездрава личност. Ниту една силувана не заслужила да биде силувана па како и да била облечена.