Протест на пазарџиите во скопски Центар поради огромното покачување на цените на паркинг

Сообраќајот на дел од булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје е блокиран од изутрина, на потегот кај дирекцијата на Макптерол, поради протест на пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар.

Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули“.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од 8-ми овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons