ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ФЕВРУАРИ СЕ НАМАЛИЛА ЗА 19 ЕВРА  

Просечната плата во земјава во февруари во одниос на јануари годинава се намалила за 1.141 денар, говорат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика. 

Односно, ако во јануари пшросечнатра плата изнесувала 29.980 денари, таа за еден месец подоцна, односно во февруари, се намалила на 28.839 денари. 

Или, ако сакаме да изразиме во евра, просечната плата во февруари е намалена за 19 евра, зборуваат статистичкиите податоци. 

Односно, во февруари во однос на јануари годинава, просечната плата се намалила за 0,5 отсто, бидејќи индексот е 99,5. 

Ова е ако се гледа за февруари во однос на претход ниот месец, но ако се гледа годишното движење, имаме раст на пшросечната плата. 

Или, февруари 2022 во однос на истиот месец 2021 година, просечната плата е зголемена за 6,8 отсто. 

Од Државниот завод за статистика, пак, јавија дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 106,8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (13,2 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,1 отсто) и Стручни, научни и технички дејности (11,6 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,5 отсто), Земјоделство, шумарство и рибарство (5,9 отсто) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,3 отсто).

Инку, Владата на Зоран Заев вети до крајот на мандатот просечна плата од 500 евра, додека власта на Димитар Ковачевски најави 550 евра

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons