Пронајдени 14 мигранти во „форд транзит“, возачот и побегнал на полицијата

Денеска во 00.30 часот на автопатот А1, кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „форд транзит”, со скопски регистарски ознаки, кои биле украдени, но возилото не застанало и продолжило со движење. Набргу, возилото било сопрено, а возачот го напуштил местото.

При преглед во возилото биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

Увид извршила екипа од Полициската станица Неготино, а за настанот бил известен Јавен обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons