Свет

ПРОНАЈДЕНИ ДВЕ ТЕЛА ОД УРНАТИОТ ХЕЛИКОПТЕР ВО ХРВАТСКА – Три лица биле дел од екипажот

Јосип Брозичевиќ, функционер на Хрватската планинска спасувачка служба, во рок од 24 часа потврди дека унгарски хеликоптер се урнал кај Дрниш. Во него имало тројца членови на екипажот, а пронајдени се две тела, додаде тој.

Воен хеликоптер се урна денеска во реонот на селото Пакова во Шибеничко-книнската жупанија. Министерството за одбрана на Република Хрватска соопшти дека во потрага по него тргнале хеликоптерот Ми-171 Ш од Дивуље и авионот Пилатус на хрватското воздухопловство.

“Хеликоптерот е на унгарската армија. Се урнал, причината за падот се уште не е позната. Имало тројца членови на екипажот. Пронајдени се две тела, по третото се трага. Пожарникарите, полицијата и ХГСС се на терен Пријавата дојде кога се виде чад“, рече Брозичевиќ за „Еуроњуз.Србија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons