МагазинНајново

Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд, објави 4news.mk Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во понеделник утрото ќе биде ведро и постудено со утринска температура која наместа ќе се спушти под нула степени, а преку денот сончево. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на седмицата повторно се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons