Прогласен штрајк од среда во јавните обвинителства
На 27.09.2023 година, вработените во јавните обвинителства стапуваат во штрајк, објави репрезентативниот синдикат УПОЗ.„Синдикатот на УПОЗ и вработените во јавните обвинителства, со години наназад беа трпеливи и очекуваа дека надлежните ќе го слушнат нашиот глас. За жал, во сите наши обиди наидувавме на незаинтересираност за изнаоѓање заедничко решение, а надлежните остануваа глуви на нашите барања.Незадоволството на членовите на синдикатот и вработените во обвинителствата ескалираше и претстојниот штрајк е единствената опција која остана да се слушне гласот на вработените“, гласи соопштението на УПОЗ во кое е објавена одлуката.Од таму велат дека се бара зголемување на платите на ист начин и во иста висина како избраните именуваните функционери и враќање на додатоците на плата.„Штрајкот ќе трае се до исполнување на нашите барања, а за време на штрајкот ќе се работат само итните и неопходни работни задачи“, додаваат од УПОЗ.